Челси ќе му го продаде Џејмс на Реал, но само под еден услов!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Реал Мадрид веќе некое време го следи англискиот десен бек Рис Џејмс од Челси, во кој гледа замена за Дани Карвахал.

„Кралевите“ планираат да испратат понуда до Лондон за неговиот потпис идното лето, а наводно Челси би можел да го продаде, но само под еден услов, а тоа е да добие неморална понуда.

Засега не е познато колку пари ќе го задоволат англискиот гигант, но се шпекулира дека станува збор за сума од 130 до 150 милиони евра.