Пет од пет за Реал Мадрид: Хоселу и Валверде го нокаутираа Реал Сосиедад (Видео)


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше по петти пат оваа сезона, откако вечерва на домашен терен беше подобар од Реал Сосиедад со 2-1.

Андер Баранецеа го матира Кепа во петтата минута од натпреварот, додека „кралевите“ до пресврт стигнаа во вториот дел преку Федерико Валверде и Хоселу.

Реал е прв на табелата со 15 бодови, односно два повеќе од вечниот ривал Барселона, додека во топ-4 се и Атлетик Билбао и Жирона со по 10 бода.