Гачевски херој на „црвено-црните“: Вардар ја елиминира Беса на пенали


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Вардар се пласираа во осминафинале на Купот на Македонија, откако на пенали триумфираа против Беса со 5-4.

Голманот Филип Гачевски беше херој на најтрофејниот македонски клуб откако одбрани два пенали на противниците.

Сигурни од белата точка за „црвено-црните“ беа Дурански, Биљали, Трајковски, Вецевски и Омерагиќ.

На останатите натпревари, Воска Спорт со 1-0 го прегази Карбинци, Шкупи славеше со 8-0 против Коњари, а со ист резултат победи и Брегалница кај Новаци. Триумф оствари и Брера против Кожув, но и Пелистер кај Влазрими.