Инвеститор од Њујорк купи дел од акциите на Ливерпул


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Сопствениците на Ливерпул „ФСГ Груп“ продадоа мал дел од акциите на американскиот инвеститор „Династик Екуити“ за сума меѓу 82 и 164 милиони фунти.

Инвеститорот нема никаква улога во водењето на тимот, туку овој договор бил направен за да може Ливерпул да ги отплати долговите кои се создале за време на пандемијата со ковид-19.

„Нашата лојалност кон Ливерпул е посилна од било кога. Секогаш сме сакале партнер кој ќе инвестира во Ливерпул, ќе ја искористиме можноста и ќе овозможиме тимот да има долгорочна стабилност. Се надеваме на успешна соработка со ‘Династи’“, кажа првиот човек на „ФСГ“, Мајк Гордон.