Алкараз призна: Ѓоковиќ ми е постојано во мислите!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Ју-Ес Опен и така стигна до 24 гренслем-титули во кариерата, а исто така е на првата позиција на АТП-листата пред најголемиот ривал во моментов, Карлос Алкараз.

Шпанецот има уште два месеци за да го урне Ѓоковиќ од тронот пред крајот на сезоната, но разликата во моментов изнесува повеќе од 3.000 бодови.

Ѓоковиќ брани многу бодови до крајот на годината затоа што играше повеќе, додека Алкараз речиси и да не брани бодови.

„Се разбира дека сакам да го симнам Ѓоковиќ од врвот. Во моментов Новак е прв, но јас сум мотивиран да го преминам на ранг-листата. Постојано мислам на Ѓоковиќ, имам цел и сакам да го надминам“, кажа Алкараз.