Во 2016 година му беше придружба, а сега го натера „Рамос“ да си даде автогол (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Барселона триумфираше со 1-0 против Севилја во дербито од Ла Лига, а домаќинот славеше со автоголот на Серхио Рамос.

Ветеранот несреќно ја затресе мрежата на својот голман во 76. минута по центар-шут на Ламин Јамал.

Интересно е тоа што овие двајца имаат заедничка приказна, односно Јамал му беше придружба на Рамос во 2016 година во „Ел Класико“.