Алкараз ги избра најтешките противници на тврда подлога

Шпанецот Карлос Алкараз ќе се обиде да го освои Мастерсот во Шангај, откако имаше неуспешен поход на титулата во Пекинг.

Алкараз на прес-конференцијата пред турнирот во Кина ги избра најтешките противници на тврда подлога.

„Медведев е најтежок противник на тврда подлога, па Ѓоковиќ и Синер“, кажа Алкараз.

Русинот неодамна го елиминира Алкараз во полуфиналето на Ју-Ес Опен.