Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шкендија славеше во дуелот против Вардар со 2-0 на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, иако скопскиот тим конечно одигра добар натпревар, но не ги искористи своите шанси.
Дербито понуди возбудувања од самиот старт и имаше шанси на двете страни, а во четвртата минута Цветков за првпат се закани кон голот на Шкендија, но не успеа да погоди.
Вардар напаѓаше и во вториот дел и пропушти неколку шанси, а потоа пристигна казната од Максимов кој во 65. минута погоди за 1-0, додека конечниот резултат и победа за Шкендија ја потврди Аганспахиќ.
Струга беше подобра од Силекс со 2-0, а двата гола ги постигна Марјан Радески.