Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон доби казна од 25.000 долари по трката за Големата награда на Катар поради небезбедно минување на патеката.
Хамилтон на почетокот на трката се судри со неговиот тимски колега Џорџ Расел, по што испадна од патеката, а потоа небезбедно ја мина истата за да се врати во боксот. Поради овој потег Хамилтон доби казна од 25.000 долари.
Да потсетиме, Макс Ферстапен беше најбрз на трката во Катар, откако претходно на спринтот ја обезбеди третата титула во Ф1.