Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Руди Гарсија има катастрофални резултати на кормилото на Наполи, а по поразот од Фиорентина почнаа проблемите за стратегот и се шпекулира дека ќе добие отказ.
„Кориере дело Спорт“ објави дека Гарсија има клаузула со која Наполи ќе биде во добра позиција за да го отпушти.
Доколку му даде отказ до 30 јули, тогаш Гарсија ќе добие околу три милиони евра како отштета, но Наполи не треба да му ги исплати парите од последните две сезони од договорот.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис чека потврден одговор од Италијанецот Антонио Конте по што ќе го избрка Гарсија од екипата.