Скандал во Италија: Двајца репрезентативци завршија во полиција

Фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли беше прв на удар по скандалот со обложување, но истрагата тука не запре туку опфати уште неколку играчи, меѓу кои се и двајца репрезентативци на Италија

Николо Заниоло и Сандро Тонали мораа да го напуштат тренинг-кампот на Италија за да дадат изјави во полициска станица.

Италијанскиот новинар Фабрицио Корона објави дека тие се обложувале на своите тимови додека седеле на клупа, а тоа е казниво дело и им се заканува суспензија ако се докаже вина.

Веќе во јавноста е познат случајот со Ајван Тони од Брентфорд, кој беше суспендиран до почетокот на 2024 година.