Македонија се избори за елитни квалификации за ЕП


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонската репрезентација до 19 години одигра 1-1 против Казахстан, но и покрај тоа го освои второто место во групата на турнирот во Полска.

Казахстан во голем дел од натпреварот имаше водство од 1-0, но потоа Македонија со гол на Адриан Зенделовски успеа да израмни на 1-1.

Германија ни направи услуга со тоа што одигра 3-3 против Полска, која ние ја совладавме во првото коло со 2-0 и така македонските репрезентативци обезбедија елитни квалификации за Европското првенство (ЕП).