Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера беше промовиран новиот терен на младинско-пионерската академија на Вардар, „Кирил Симоновски – Џина“.
Фудбалскиот терен се наоѓа во Аеродром во близина на СЦ „Јане Сандански“.
„Успехот е историски, а најважно од се е тоа што ова е сепак само почеток на сето она што како клуб имаме во план да го направиме. Нашите млади таленти се приоритет на нашата борба и база врз која целосно ќе се потпира функционирањето на клубот во иднина. Веруваме дека на тој начин, најдобро ќе го афирмираме пред се ФК Вардар, а секако и македонскиот фудбал. Упатуваме голема благодарност до сите кои вчера присуствуваа на свеченото отворање, кои ја препознаа нашата борба и кои застанаа заедно со нас, во одбраната на клубот на народот. Нека овој проект донесе многу спортски успеси и нека биде ова уште еден расадник на таленти кои утре гордо ќе го носат дресот на големиот Вардар и достоинствено ќе ги бранат црвено-црните бои“, соопшти Вардар.