Ел Шарави се расплака по победничкиот гол за Рома (Видео)

Рома славеше против Монца со голот на Стефан Ел Шарави, кој влезе во игра во 63. минута, но на истекот на регуларните 90 погоди за 1-0.

Ел Шарави неодамна беше обвинет од новинарот Фабрицио Корона дека се обложувал, по што фудбалерот ги отфрли обвинувањата и најави тужба.

„Боли кога се кажуваат такви работи за тебе. Тоа е лага, но болно е дури и кога совеста ти е чиста“, кажа Ел Шарави.