Алегри ги загуби нервите на „Сан Сиро“ – мораа да интервенираат и помошниците (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Јувентус славеше во дербито против Милан со 1-0 на „Сан Сиро“, а последните минути од мечот ги одбележа и бесната реакција на тренерот Масимилијано Алегри.

Алегри не беше задоволен од судењето, но и од играта на неговите фудбалери, па мораа да интервенираат и помошниците.

Италијанецот на крајот помина само со жолт картон, иако лесно можеше да заработи исклучување поради бурната реакција.