Мегваер: Ова беше тешка година за мене, но знаев дека не смеам да промашам!

Англискиот дефанзивец Хари Мегавер беше херој на Манчестер јунајтед во победата против Копенхаген во Лигата на шампиони (ЛШ).

Мегваер е еден од најкритикуваните фудбалери на „црвените ѓаволи“, но против Копенхаген успеа да го постигне првиот гол сезонава и така конечно ги замолче критичарите барем за момент.

„Ова беше тешка година за мене, но продолжив да работам напорно. Мислам дека одиграв добро и пред голот, а кога добив шанса, знаев дека не смеам да ја промашам. Среќен сум што успеавме да победиме и што клубот освои три бода“, кажа Мегваер.