Дибала нема да игра против Интер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рома се соочува со сериозни проблеми пред дербито против Интер затоа што Пауло Дибала отпадна од конкуренција за натпреварот на „Џузепе Меаца“.

Аргентинецот се повреди за време на репрезентативната пауза, но тренерот Жозе Мурињо се надеваше дека Дибала ќе биде подготвен за дербито, меѓутоа тоа нема да се случи.

Мурињо го прифатил предлогот на докторите и донел одлука Аргентинецот да на настапи во дуелот, туку да одмора до мечот против Лече.

Ова значи дека Ромелу Лукаку ќе нема поддршка во нападот и останува да видиме како ќе одигра во натпреварот против неговиот поранешен клуб.