Алкараз му направи услуга: Ѓоковиќ сè поблиску до првото место на крајот на сезоната


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз загуби на стартот на Мастерсот во Париз од Роман Сафијулин со 3-6 и 4-6, а ова ги зголеми шансите на Новак Ѓоковиќ да заврши прв на АТП-листата на крајот на сезоната.

Ѓоковиќ во моментов е на првата позиција со 11.045 бодови и брани 600 поени во Париз, а Алкараз е зад него со 8.625 бода, додека во Париз бранеше само 180 поени.

Србинот со сигурност ќе остане на врвот 399 недели во кариерата, а останува да видиме дали ќе ја пробие границата од 400 недели поминати на тронот на АТП-листата.