Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот англиски напаѓач Вејн Руни од неодамна го предводи Бирмингем, а сега реши да застане во одбрана на Ерик Тен Хаг кој добива критики од навивачите на Манчестер јунајтед.
Лошите резултати на почетокот на сезоната беа причина да почнат шпекулациите за неговиот отказ, но Руни смета дека не треба да се случи такво нешто.
Руни ги нападна скапите ѕвезди на Јунајтед кои не одговориле на потреното ниво на премиерлигашот и побара да реагираат со цел да го намалат притисокот врз тренерот.
„Тешка е работата на тренерите. Сите знаеме во што се впуштаме пред да се преземе некој тим. Сепак, анализата треба да оди и во друг правец. Гледам фудбалери кои не играат на високо ниво. Мислам дека тие мора да се трудат повеќе на теренот“, кажа Руни.