Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонските ракометари одиграа 29-29 против Грција во првиот пријателски натпревар во Солун, а голот за реми го постигна Ненад Костески.
Грција првиот гол на мечот го постигна дури во шестата минута, а Македонија го одржуваше водството и на полувреме замина со 15-12.
Нашиот јужен сосед се разигра во вториот дел и израмни на 21-21, а потоа направи пресврт и водеше до завршницата, кога Македонија успеа да се избегне пораз.
Пешевски и Кузмановски со по пет голови беа најдобри кај Македонија, додека Митревски имаше осум интервенции.