Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Лондон се одигра неверојатен натпревар меѓу Тотнем и Челси, а на крајот подобри беа „сините“ со 4-1.
Тотнем постигна гол во шестата минута преку Кулушевски за водство од 1-0, а потоа Сон стрелаше за 2-0, но ВАР-технологијата му го поништи голот.
Најважниот момент се случи во 28. минута, кога му беше поништен гол на Каиседо, но притоа му беше доделен црвен картон на Ромеро и пенал за Челси.
Од белата точка прецизен беше Палмер кој го најави пресвртот на „сините“. Челси имаше голем број шанси кои не ги искористи сè до 75. минута кога Џексон го постигна првиот гол на натпреварот, а до крајот се запиша во листата на стрелци уште двапати.
Тотнем останува втор со 26 бодови, односно бод помалку од лидерот Манчестер сити, додека Челси се искачи на 10. место со 15 бода.