Поранешен европски шампион пукал во четири лица пред ресторан (Видео)

Поранешниот шампион во бокс, Никита Иванов пукал во четири лица пред ресторан во центарот на Москва.

Четири лица се здобиле со повреди, а полицијата успеала да го приведен Иванов по пукањето во Москва.

Портпаролот на полицијата за медиумите кажал дека Иванов бил пијан и се степал со жртвите, а потоа почнал да пука.

На социјалните мрежи се појави и вознемирувачка снимка од инцидентот во Русија.

Според медиумите, еден случаен минувач му го одземал оружјето на Иванов, а потоа интервенирала и полицијата која го привела.