Суарез со хет-трик го вклучи Гремио во трка за титулата (Видео)

Гремио пред три недели имаше 15 бодови негатива во однос на лидерот Ботафого, но од синоќа има ист број бодови откако славеше со 4-3 против ривалот.

Фудбалерите на Гремио беа победници благодарение на неверојатниот Луис Суарез, кој постигна хет-трик и донесе победа за својата екипа.

Ботафого во последните пет натпревари освои само еден бод и има дури четири порази по ред, па сега си ги искомплицира работите и ја намали шансата за титула.

Суарез во јануари ќе полни 37 години, но ниту тоа не го спречува да игра на врвно ниво.