Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голден Стејт загуби на домашен паркет од Минесота со 101-104, но натпреварот ќе остане запаметен и по тепачката која се случи на почетокот на средбата.
Инцидентот го почнаа Мекдениелс и Томпсон, а потоа Руди Гобер се обиде да ги раздели, по што реагираше Дрејмонд Грин кој го фати противникот за врато.
Грин сакаше буквално да го задави Гобер, по што мораше да интервенираат и останатите кошаркари за да спречат уште поголем хаос.
„Тоа е однесување на кловн. Секогаш кога Стеф не игра, Грин не сака да игра без неговиот човек Стеф, па прави сè што може за да го исфрлат од игра“, вели Гобер.