Милевски: Не сме дојдени во Италија како туристи!


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Македонија утре ќе игра против Италија на „Олимпико“ во Рим од 20.45 часот, а селекторот Благоја Милевски кажа дека се надева на добар резултат.

Милевски посочи дека Македонија ќе се бори за бодови, иако нема шанси повеќе да се пласира на Европското првенство (ЕП).

„Не сме во Рим дојдени како туристи, верувам дека можеме да оствариме добар резултат.дуелот против Италија е посебен, сам по себе носи убавина и тежина. Создаваме нова и млада репрезентација. Немаме резултатски императив, но секогаш се трудиме да го извлечеме најдоброто. Играме против една од трите најдобри репрезентации во светот“, вели Милевски.