„Уништени сме поради повредата на Гави, ова е тежок момент за нас“


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте кажа дека повредата на талентираниот Гави ја засени нивната победа против Грузија.

Гави ги скина лигаментите и ќе паузира од шест до осум месеци, односно за него сезоната е веќе завршена. Сепак, проблем е тоа што постои шанса да не настапи ниту на Европското првенство.

„Уништени сме поради повредата на Гави. Таа е сериозна и ова е тежок момент за нас“, кажа Де Ла Фуенте.