Спектакл во Ријад: Меси ќе се соочи со Роналдо во февруари!

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека нè очекува вистински спектакл во февруари следната година во Ријад.

Пријателски натпревар бил закажан меѓу Ал Наср и Интер Мајами, односно екипите каде што играат Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Тоа најверојатно ќе биде и последен дуел меѓу двајцата легендарни фудбалери, кои долги години заедно се бореа за најголемите трофеи.