Ѓорческа елиминирана од фјучерсот во Валенсија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа беше поразена од Миа Ристиќ на турнирот во Валенсија.

Ѓорческа беше подобропласирана од Ристиќ, но тинејџерката Миа ги искористи своите шанси и во два тај-брејка со 7-5 и 7-4 обезбеди место во следното коло.

Фјучерсот се игра за награден фонд од 100.000 долари.