Чави ги нападна судиите: Не ни досудија чист пенал! (Видео)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Барселона одигра 1-1 против Рајо Валјекано, а тренерот Чави Ернандез изговор за лошиот резултат најде кај судиите и нивните одлуки.

Чави на прес-конференцијата по натпреварот кажа дека Барселона се соочува со проблеми, но не успеале да го победат Рајо поради судиските одлуки.

„Секогаш велат дека барам изговори, но дефинитивно имаше прекршок врз Рафиња за пенал. Истото ни се случи против Хетафе и Гранада. Загубивме бодови затоа што не бевме доволно добри во првото полувреме, но тоа не е оправдување. Не ни беше досуден чист пенал против Рајо“, вели Чави.