Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид славеше со 3-0 против Кадиз и се искачи на првата позиција во Ла Лига.
„Кралевите“ беа ослабени поради големиот број повреди, па главната улога на теренот ја презема Родриго кој го постигна првиот гол на мечот, а потоа стрелаше во второто полувреме за да ја зголеми предноста.
Бразилецот имаше и една асистенција, и тоа при голот на Џуд Белингам кој ги постави конечните 3-0.
Реал е прв на табелата со 35 бодови, односно еден повеќе од Жирона.