Рома не запира: по четири кола – четири победи за тимот на Џан Пјеро Гасперини. Ако утрото по денот се познава, оваа сезона би можела да донесе многу радост за навивачите на римскиот клуб, бидејќи сè што се случува во раната сезона навестува такво сценарио за „волчицата“.
Последната победа дојде во Торино (2:0) за осигурување на првото место на табелата во Серија А, рамноправно со шампионот Интер.
А токму „нероазурите“ ќе бидат следниот противник на Рома, веќе за четири дена…
“Што се однесува до Интер, минатогодишниот пораз од нив беше моментот од кој се роди вистинската Рома. Сега ќе имаме можност да се мериме со најсилниот тим и да видиме колку сме напредувале”, нестрпливо очекува Гасперини судирот со Интер.
Погледот на табелата ги грее срцата на секој навивач на Рома: 4/4 победи и гол разлика 12:1. Се чини дека Гасперини беше токму она што ѝ требаше на Рома сите овие години.
















