Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот тенисер и тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер имаше само пофални зборови за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Бекер и Ѓоковиќ имаа многу успеси заедно, но потоа решија да се разделат, меѓутоа и покрај тоа Германецот има високо мислење за Србинот и го спореди со најголемите спортисти во светот.
„Ѓоковиќ за мене е крал на лавовите. Даваме сè од себе да ги научиме навивачите на нешто што е невозможно да се научи. Тоа што овој тенисер има освоено во 16 или 17 години во кариерата и тоа што на 36 години игра најдобар тенис, е неверојатно. Сакам да го споредам со Лионел Меси, Леброн Џејмс или Том Брејди, но се надевам дека Новак ќе доминира и понатаму во тенисот“, вели Бекер.