„Татко ми ме исфрли на улица, откако загубив во полуфинале на Вимблдон“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешната српска тенисерка Јелена Докиќ раскажа низ каков пекол морала да помине во минатото поради нејзиниот татко.

Докиќ кажа дека нејзиниот татко често ја малтретирал, а ситуацијата постојано се влошувала.

„По полуфиналето на Вимблдон почнав да плачам откако татко ми ме навредуваше дека сум била срам за семејството затоа што сум загубила. Не ми беше дозволено да останам во хотелот, ми кажа да спијам на улица. Морав да останам во соблекувалната, каде што ме пронајдоа чистачките“, вели Докиќ.