Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Енис Барди би можел да го напушти Трабзонспор по 18 месеци и да потпише за бундеслигашот Унион Берлин.
Новиот тренер на Унион Берлин, Ненад Бјелица е заинтересиран за неговиот поранешен играч од Трабзонспор со кој имаше одлична соработка.
Унион Берлин наводно почнал преговори со Трабзонспор и се очекува да биде постигнат договор во текот на следниот месец.
Бундеслигашот оваа сезона игра лошо во домашното првенство и има само седум освоени бодови по 12 одиграни кола.