Орландо ќе го повлече бројот 32 во чест на Шекил О’Нил


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Орландо меџик објави дека на 13 февруари на мечот против Оклахома од употреба ќе го повлече бројот 32 во чест на легендарниот американски кошаркар Шекил О’Нил.

Шекил играше за тимот од Флорида од 1992 до 1996 година и го предводеше до финалето на НБА-лигата, а три децении подоцна О’Нил е главна асоцијација за клубот, па затоа и ја доби честа за да се повлече дресот со неговиот број.

„Во рамки на прославата на 35-годишнината од Орландо, официјално ќе го повлечеме бројот 32 во чест на Шекил“, соопшти тимот.