НБА ја повлече суспензијата, но Грин загуби милиони долари!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


НБА-лигата реши да ја прекине суспензијата на Дрејмонд Грин, кој пропушти 12 натпревари откако намерно го удри Јусуф Нуркиќ.

Грин беше суспендиран поради инцидентите кои ги предизвика со своето однесување, а пред да го удри Нуркиќ, искусниот кошаркар го направи тоа и со Руди Гобер кога беше казнет со пет меча суспензија.

Американските медиуми пишуваат дека Грин поради суспензијата загубил околу два милиони долари.