Ериксон ги шокира навивачите: Наскоро ќе заминам од овој свет!


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Познатиот фудбалски тренер Свен-Горан Ериксон даде шокантна изјава во која откри дека е болен од рак.

Ериксон не криеше дека најверојатно му останува уште една година живот и кажа дека наскоро ќе го напушти овој свет.

„Добро е познато каква е мојата болест. Претпоставките се покажаа како точни, за жал. Ќе се борам додека можам, но подобро ми е кога не размислувам за тоа“, кажа Ериксон.

Ериксон во текот на кариерата ги тренираше Бенфика, Рома, Фиорентина, Лацио, Манчестер сити и Лестер сити, а воедно беше и селектор на Англија, Мексико, Брегот на Слоновата Коска и Филипини.