Во Реал Мадрид наводно владее сериозна криза која веќе не се однесува само на резултатите на теренот. Според тврдењата на изворот кој го наведува Хуан Хесус, ситуацијата во соблекувалната на Кралскиот клуб станала многу загрижувачка.
Се наведува дека дисциплината кај поединци од фудбалерите паднала на ниво кое во Мадрид години не било видено, а особено загрижува физичката состојба на дел од тимот.
Според истиот извор, во соблекувалната постои „алармантен број“ играчи кои имаат вишок килограми или не се во оптимална физичка подготвеност.
Но, тука приказната не завршува. Хуан Хесус тврди дека некои фудбалери по натпреварите дури не патуваат назад со остатокот од тимот, туку користат приватни авиони за да одат на забави или кратки патувања, а потоа се враќаат непосредно пред следниот тренинг.
















