Де Лаурентис потврди дека ќе си замине Осимен


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис кажа дека Виктор Осимен ќе го напушти тимот на крајот на сезоната.

Де Лаурентис смета дека Осимен има три опции за неговата кариера, а од трансферот очекува околу 130 милиони евра.

„Преговорите за продолжување на договорот не беа долги. Негов следен тим ќе биде Реал Мадрид, ПСЖ или некој премиерлигаш“, кажа Де Лаурентис.

Осимен потпиша договор до 2026 година со Наполи, но во него има откупна клаузула од околу 130 милиони евра.