Барселона го сака Артета, но неговиот план е јасен!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Каталонски „Спорт“ објави дека Микел Артета на крајот на сезоната ќе си замине од Арсенал, а како негов следен тим се споменуваше Барселона.

Шпанскиот тренер, сепак, не планира да замине од лондонскиот гигант туку ќе продолжи со работа за да го врати тимот на врвот на табелата.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта активно бара нов стратег откако Чави Ернандез најави дека ќе го напушти кормилото на тимот.

Артета, од друга страна, го тренира Арсенал од 2019 година и очигледно раководството на тимот од Лондон е задоволно од неговата работа.