Ибрахимовиќ се појави на Санремо со песна на Лепа Брена (Видео)

Поранешниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ повторно гостуваше на фестивалот Санремо во Италија.

Ибрахимовиќ се појави со цел да ја промовира Евровизија која ќе се одржи во неговата земја, а на сцената се појави со песна од Лепа Брена.

Ова е промена бидејќи во минатото во позадина секогаш беше пуштена „Јутро је“ од Неда Топчагиќ.