Јанис заедно со Милвоки ги расплака Јокиќ и неговите колеги (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Кошаркарите на Милвоки бакс беа подобри од Денвер нагетс со 112-95 во дербито во НБА-лигата, а неверојатен на паркетот беше грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо.

Адетокумбо го заврши натпреварот како најдобар стрелец со 36 поени, 18 скокови и пет асистенции, додека Никола Јокиќ имаше одличен настап, но не можеше сам против Милвоки, па на крајот запиша 29 поени, 12 скокови и осум асистенции.

Големо изненадување синоќа направи Сан Антонио Спарс кои беа подобри со 122-99 против Торонто репторс, а Вембањама постигна 27 поени, 14 скокови и 10 блокади.

Останати резултати:

Шарлот – Индијана 111-102
Кливленд – Филаделфија 121-123
Атланта – Чикаго 126-136
Хјустон – Њујорк 105-103
Мемфис – Њу Орлеанс 87-96
Далас – Вашингтон 112-104
Јута – Голден Стејт 107-129