Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид славеше со 1-0 против Лајпциг во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), но главна тема по мечот е поништениот гол на бундеслигашот.
Бундеслигашот на почетокот на средбата преку Шешко постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд и голем дел од јавноста смета дека судиите го оштетиле Лајпциг.
Познатиот шпански судија Матеу Лахоз го дели мислењето со поголемиот дел од јавноста и тврди дека голот морало да важи.
„На теренот може да се згреши, но затоа постои ВАР-систем. Ова е лудо. Реал Мадрид имаше голема среќа. Погодокот на Лајпциг мораше да важи“, кажа Лахоз.