Тони Надал сака Ѓоковиќ да се повреди пред Ролан Гарос


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Чичкото на Рафаел Надал, Тони направи невкусна шега на сметка на Новак Ѓоковиќ и предизвика негативни реакции од јавноста.

Тони Надал кажа дека сака Ѓоковиќ да се повреди пред Ролан Гарос за да може Рафаел Надал полесно да го освои пехарот.

„Рафа ќе игра оваа година на Ролан Гарос и се надевам дека ќе биде во добра форма. Сакам да освои уште еден гренслем-турнир. Би сакал Ѓоковиќ да се повреди заедно со уште неколку тенисери за да може Рафа полесно да го освои пехарот“, кажа Тони Надал.