Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз доживеа уште еден пораз оваа сезона, откако го предаде мечот против Тиаго Монтеиро по само два одиграни гема на турнирот во Рио де Жанеиро.
На натпреварот од првото коло, Алкараз го повреди скочниот зглоб на левата нога и реши да се повлече од теренот.
„По прегледите ќе дознаеме дали станува збор за тешка повреда. Се чувствував лошо. Не можам да се движам нормално и знаев дека мора да се повлечам од натпреварот. Мислам дека постапив правилно што го предадов мечот“, кажа Алкараз.
Монтеиро во следното коло од турнирот во Рио ќе игра против Фелипе Мелигени Родригез Алвеш.
Alcaraz ankle roll on the second point of the match 😱😥#RioOpen pic.twitter.com/eWdImlxd4Z
— Tennis Channel (@TennisChannel) February 21, 2024