„Враќањето на руските тимови во Евролигата е научна фантастика“


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Претседателот на ЦСКА Москва, Андреј Ватутин кажа дека враќањето на руските тимови во Евролигата во моментов е научна фантастика.

Клубовите од Русија беа исфрлени по воената офанзива во Украина во февруари 2022 година.

„Во моментов враќањето на руските тимови во Евролигата изгледа како научна фантастика. Дури по завршување на војната можеби ќе се создадат услови да се разговара на таа тема“, кажа Ватутин.

Првиот човек на ЦСКА кажа дека руската страна постојано е во контакт со управата на Евролигата и разговара за ситуацијата.