Роналдо остана мирен додека цел стадион скандираше „Меси, Меси“ (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо доби суспензија од еден натпревар откако неодамна одговори на непристоен начин на скандирањето „Меси, Меси“ од трибините.

Роналдо се соочи со идентична ситуација, но овој пат очигледно ја научил лекцијата и реши да остане мирен.

Навивачите му скандираа за време од дуелот во азиската Лига на шампиони, кој го загуби Ал Наср со 0-1 од Ал Аин.