Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рафаел Надал реши да се повлече од турнирот во Индијан Велс затоа што смета дека не е подготвен за настап.
Иако постоеше голема шанса да заигра во Индијан Велс, сепак повредата повторно беше посилна од Надал.
„Тренирав напорно за да се вратам, а минатиот викенд се тестирав, но не сум подготвен да играм на толку важен турнир во моментов. Ова не е лесна одлука, но не можам да се лажам себеси и навивачите. Ќе ми недостигате“, објави Надал.
Шпанецот заигра на почетокот на сезоната во Бризбејн каде што се здоби со повреда.