Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Францускиот репрезентативец е на праг да го засили Реал Мадрид и се очекува на лето да се пресели во шпанскиот гигант.
Мбапе минатиот месец му соопшти на раководството на ПСЖ дека заминува како слободен фудбалер, а овој потег го коментираше легендарниот бразилски напаѓач Роналдо.
„Знам точно што ќе се случи кога ќе дојде во Мадрид. Мбапе ќе стане најдобар. Конечно ќе ја освои ‘Златната топка’. Мислам дека ова е добар избор за него. Не знам што е вистина, но сè погласни се шпекулациите дека доаѓа во Мадрид“, кажа Роналдо.
Освен Мбапе, се очекува во Мадрид да пристигне и Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен, откако одби да потпише нов договор со баварскиот тим.