Рикелме: Ми се гади од модерниов фудбал!


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Поранешниот аргентински фудбалер Роман Рикелме даде коментар за модерниот фудбал.

Рикелме во кариерата играше за Бока јуниорс, Вилјареал и Барселона, а за денешниот фудбал вели дека е разочаран од однесувањето на фудбалерите кои ги интересираат разни работи надвор од теренот.

„Ние го сакавме фудбалот. Нам не ни беше важно танцување по натпревар. Денес фудбалерите ги интересира фотографирање со фризерите, ми се гади од модерниот фудбал“, вели Аргентинецот.